Тим од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, во рамките на својата промотивна кампања за упис на студенти во академската 2019-2020 година, одржа промотивна презентација на 20.03.2019 година пред матурантите од АСУЦ „Боро Петрушевски” во Скопје.
Тимот од професори од универзитетот имаа извонредна можност да се сретнат со стотина матуранти од АСУЦ „Боро Петрушевски” во Скопје. Презентирајќи ги поволностите кои ги нуди универзитетот како и можностите за соработка со Кариерниот центар на УТМС, професорите заедно со матурантите ја утврдија потребата од обука која ќе се одржи во текот на месец април.
Презентацијата побуди интерес кај матурантите кои активно се вклучија во дискусија, но и по презентацијата останаа да разговараат со тимот за прашања од нивен интерес во поглед на уписите.
https://utms.edu.mk/novosti/1500-prezentacija-na-utms-pred-maturantite-od-asuc-boro-petrushevski-vo-skopje#sigProId9dd4f7fb95