Тим од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, во рамките на својата промотивна кампања за упис на студенти во академската 2019-2020 година, одржа промотивна презентација на 12.03.2019 година пред матурантите од СУГС „Цветан Димов” во Скопје.
Матурантите од СУГС „Цветан Димов” со особен интерес ги следеа информациите презентирани од тимот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Матурантите беа информирани за можностите и уникатноста кои ги нуди УТМС, методологијата, програмите и можностите за меѓународна размена. Посебно внимание кај матурантите привлече меѓународно признатата диплома како и студиската програма која е усогласена со високо рангираните универзитети во светот, достапноста на академскиот кадар и мултимедијалната презентација.
https://utms.edu.mk/novosti/1491-kampanja-cvetan-dimov-2019#sigProId0717bbe5a2