Научно-истражувачки проекти

Како универзитет посветен на научно-истражувачката дејност, Универзитетот Скопје е фокусиран на истражувања што имаат пионерска важност како од аспект на нивната оригиналност, посебност и строго почитување на пропишаните правила на научно-истражувачката работа, така и од аспект на нивното значење и придонес кон надминувањето на општествените предизвици во областите на неговата експертиза: туризмот, економијата, маркетингот, бизнисот, човечките ресурси и меѓународните односи и дипломатијата.

Развојот и спроведувањето научно-истражувачки проекти е од витално значење за постигнување на стратешките цели на Универзитетот Скопје. Универзитетот спроведува проекти од мал, среден и голем обем, на ниво на тим или на факултетско или универзитетско ниво. Целта на Универзитетот е знаењето генерирано во специфични мулти- и интердисциплинарни истражувања да ги капитализира во решавање на клучните национални и глобални предизвици, особено имајќи предвид дека нивната комплексност бара продуктивно спојување на различни перспективи и вештини. При тоа, настојуваме да ги инспирираме и да ги поддржиме и нашите студенти да земат активно учество во научно-истражувачките активности или да иницираат сопствени проекти со кои ќе стекнат лидерски вештини и ќе извршат влијание во заедницата.

Тежнееме генерирањето и трансферот на знаење да бидат вградени во нашите секојдневни академски активности, кои освен научно-наставниот процес, вклучуваат и дисеминација преку публикации, ангажман во јавноста, поддршка на владините политики и индустријата и комерцијализација на нашата интелектуална сопственост.

Следете ги следните линкови за разгледување на нашите проекти:

ЕФЕКТИТЕ ОД ДЕЛОВНАТА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ И МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

КОМПАТИБИЛНОСТ НА КОМПЕТЕНЦИИТЕ И КВАЛИФИКАЦИИТЕ НА МЕНАЏЕРИТЕ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ СО РАБОТНИТЕ МЕСТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ВЛИЈАНИЕТО НА ТУРИЗМОТ ВРЗ ЕКОНОМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЖЕНИТЕ ВО ДЕЛОВНИОТ СВЕТ И МЕНАЏМЕНТОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОЦЕНКА НА КВАЛИТЕТОТ НА ТУРИСТИЧКАТА ПОНУДА НА ГРАД СКОПЈЕ

ИМПАКТОТ ОД ПРИМЕНАТА НА ДИГИТАЛНИОТ МАРКЕТИНГ ВО ЛАНСИРАЊЕТО И КОНКУРЕНТСКОТО ПОЗИЦИОНИРАЊЕ НА БРЕНДОТ

ИНТЕГРАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР НА КАПИТАЛ СО ФИНАНСИСКИТЕ ПАЗАРИ НА БАЛКАНОТ: ПЕРСПЕКТИВИ И МОЖНОСТИ ЗА МАКСИМИЗАЦИЈА НА ПРИНОСОТ ОД ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).