Како универзитет посветен на научно-истражувачката дејност, Универзитетот Скопје е фокусиран на истражувања што имаат пионерска важност како од аспект на нивната оригиналност, посебност и строго почитување на пропишаните правила на научно-истражувачката работа, така и од аспект на нивното значење и придонес кон надминувањето на општествените предизвици во областите на неговата експертиза: туризмот, економијата, маркетингот, бизнисот, човечките ресурси и меѓународните односи и дипломатијата.
Развојот и спроведувањето научно-истражувачки проекти е од витално значење за постигнување на стратешките цели на Универзитетот Скопје. Универзитетот спроведува проекти од мал, среден и голем обем, на ниво на тим или на факултетско или универзитетско ниво. Целта на Универзитетот е знаењето генерирано во специфични мулти- и интердисциплинарни истражувања да ги капитализира во решавање на клучните национални и глобални предизвици, особено имајќи предвид дека нивната комплексност бара продуктивно спојување на различни перспективи и вештини. При тоа, настојуваме да ги инспирираме и да ги поддржиме и нашите студенти да земат активно учество во научно-истражувачките активности или да иницираат сопствени проекти со кои ќе стекнат лидерски вештини и ќе извршат влијание во заедницата.
Тежнееме генерирањето и трансферот на знаење да бидат вградени во нашите секојдневни академски активности, кои освен научно-наставниот процес, вклучуваат и дисеминација преку публикации, ангажман во јавноста, поддршка на владините политики и индустријата и комерцијализација на нашата интелектуална сопственост.
Следете ги следните линкови за разгледување на нашите проекти:
ВЛИЈАНИЕТО НА ТУРИЗМОТ ВРЗ ЕКОНОМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ЖЕНИТЕ ВО ДЕЛОВНИОТ СВЕТ И МЕНАЏМЕНТОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА