УТМС ја доби наградата за филантропски достигнување во категоријата Развој на филантропски практики за 2011 реализирани преку Фондот „Проф. д-р Љубе Миленковски“
На 11.07.2012 година во фоајето на Македонската опера и балет се оддржа петтата jубилејна манифестација – Доделување на награди за Филантропија и општествена одговорност во организација на Центарот за институционален развој (ЦИРА-а). Универзитетот за туризам и менаџмент оваа година конкурираше во категоријата Развој на филантропски практики.
Во оваа категорија беа номинирани освен Универзитетот и Општините „Карпош“ и „Аеродром“ како и Гимназијата „Нова“. И покрај силната конкуренција, наградата ја доби Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
Наградата се однесуваше на филантропските достигнувања кои Универзитетот ги постигна благодарение на Фондот „Проф. д-р Љубе Миленковски“. Овој фонд е основан со цел да обезбедува поддршка и дава помош во развојот на образованието и науката во Република Македонија преку стипендирање на талентирани ученици и студенти, усовршување на наставен и менаџерски кадар и воведување иновативни методи во процесот на едукација.
На свечената манифестација како претставник на стипендираните, над 200 студенти, со благодарност до Ректорот на Универзитетот, проф. д-р Аце Миленковски се обрати Ема Темелковска. Таа истакна дека овие стипендии, овозможувајки им високо образование за стекнување на високи вредносни системи, градење на знаења, вештини и компетенции, квалитетно им ги изменија животите на стипендираните студенти.
https://utms.edu.mk/nagradi/1350-nagradata-za-filantropija-i-opshtestvena-odgovornost-za-2011-godina#sigProIdac5839c28d