УТМС ДОБИТНИК НА СПЕЦИЈАЛНА ПЛАКЕТА ЗА ПОСЕБЕН ПРИДОНЕС ЗА РАЗВОЈОТ НА МОК

УТМС ДОБИТНИК НА СПЕЦИЈАЛНА ПЛАКЕТА ЗА ПОСЕБЕН ПРИДОНЕС ЗА РАЗВОЈОТ НА МОК

Во присуство на дел од дипломатскиот кор во РМ, како и други еминентни гости, во рамките на Генералното собрание на МОК, високо признание и за улогата на УТМС во подршката на спортот.

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет Проф. Д-р Васил Тупурковски, на 21.03.2013, на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје, му додели специјална плакета за посебен придонес во афирмацијата и развојот на оваа спортска институција. Во името на Ректорот на УТМС, Проф. Д-р Аце Миленковски, плакетата ја прими Проректорот за наука и равој на Универзитетот, Проф. Д-р Сашо Кожухаров, кој забалагодарувајќи се пред присутните, истакна дека му преставува чест што УТМС ја добива оваа плакета, пред се, поради фактот што УТМС е еден од ретките Универзитети кој вложува во развојот на спортот и му посветува големо внимание, за што говори постоењето на Факултетот за спортски туризам.

Доделувањето на оваа плакета се случи во просториите на УТМС, каде се одржа и 22-то Генерално Собрание на Македонскиот олимписки комитет, кој воедно го прослави и својот дваесет и прв роденден. На оваа свеченост присуствуваа бројни гости, врвни и познати спортски работници, како и преставници на дипломатските преставништва во нашава земја, односно амбасадорот на Соединетите Американски Држави, г-дин Пол Волерс, амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија , г-дин Кристофер Ивон, како и високи преставници од амбасадите на Русија, Кина и Турција.

Инаку на изборното Собрание на МОК беше презентирана и безрезервната поддршка која Меѓународниот и Европскиот олимписки комитет му ја дава на МОК, пред се, со нови донации и програми, како новото транспортно возило за потребите на транспорт на спортистите, и три нови проекти во вкупна вредност од преку 100,000 американски долари.

Со овој чин е крунисана повеќегодишната одлична соработка меѓу УТМС и МОК, која има и свои конкретни резултати, како на пример, стипендирањето спортисти за студирање на УТМС, проектот на УТМС во рамките на Светската туристичка организација на Обединетите Нации (UNWTO) за спортски и адреналин туризам и многу други.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај