Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, годинава ја завршува со уште една награда, која сведочи за големината на оваа високо образовна институција на полето на филантропијата, односно општествената одговорност.
Имено, Центарот за институционален развој ЦИР-а, и годинава, ги додели наградите за филантропија и општествена одговорност во повеќе категории, во кои се најдоа бројни компании и поединци, кои со своето делување, односно проекти, придонеле за развој на општеството во Република Македонија. Наградите за филантропија и општествена одговорност традиционално се дел од годишните активности на ЦИРа и годинава се одржуваа по седми пат. Целта на наградите е да се препознаат добрите практики на одговорно делување, и да им се оддаде признание на правните субјекти и индивидуалците, за нивниот придонес кон заживување и развој на вредностите како солидарност, почит, етичност, хуманост и добротворство.
Наградите за општествена одговорност и филантропија за 2013 година беа доделени во три категории, односно за општествена одговорност на претпријатијата во поткатегориите: награда за одговорен однос кон вработени, која му припадна на претпријатието „АДИНГ" А.Д-Скопје, награда за одговорен однос кон животната средина која беше доделена на „ШПАРКАСЕ Банка" награда за корпоративна филантропија (посебна за мало, средно и големо претпријатие), која заврши во рацете на „РАДЕ КОНЧАР- ТЕП", „ДУНА Компјутери Д.О.О-Скопје" „Тинекс МТ ДООЕЛ-експорт импорт"„ и наградата за севкупна посветеност (интегриран пристап) кон општествената одговорност, која припадна на „АЛФА БАНКА А.Д.Скопје" и Клиничка болница "Аџибадем Систина-Скопје".
Во втората категорија, односно, наградата за индивидуална филантропија, односно индивидуален филантроп од Република Македонија, која му припадна на Г-дин Ванчо Чифлиганец, додека во третата група во која спаѓа наградата за развој на филантропски практики, беа доделени награди во поткатегориите за филантропија за здружение или фондација, која поттикнува донаторски практики кај претпријатија/индивидуалци што беше доделена на „СОС Детско село-Македонија", и награда за филантропија за институција или медиум, кои дале посебен придонес кон развој на филантропските практики во Република Македонија, која ја понесе медиумот „Лице в лице".
Во катергоријата награди за филантропија и општествена одговорност, односно награда за институција која дала придонес за филантропски практики на локално ниво, добитник е Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, додека со специјални награди се закитија три основни училишта ОУ „Лазо Ангеловски", ОУ „Петар Здравковски-Пенко" и ОУ „ 7-ми Март".
Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, веќе трета година е добитник на оваа престижна награда, (во повеќе категории) со што ја потврдува одговорноста на УТМС, како компанија, која се грижи за општествената одговорност, но и што е уште поважно ја покажува својата големина на полето на донаторството.
https://utms.edu.mk/nagradi/1345-utms-dobitnik-na-nagrada-za-opshtestvena-odgovornost-i-filantropija#sigProId6cd274e2d3