ВРАЧЕНА НАГРАДАТА НА УТМС ЗА SUPERBRAND ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2013/2014 ГОДИНА

ВРАЧЕНА НАГРАДАТА НА УТМС ЗА SUPERBRAND ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2013/2014 ГОДИНА

Потврда за квалитет и знаење

Брендот- Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, кој е претпознатлив во Република Македонија не само кај своите основни клиенти-студентите, туку и кај пошироката популација според својата специфичност, но пред се поради својата елоквентност, ги прошири своите рамки и се здоби со уште поголемо признание. Имено, вчера 10.12.2014 година, Универзитетот за туризам и менаџмент како носител и двигател на квалитет и знаење, и официјално на свеченоста организирана по овој повод, беше прогласен за Супербренд во Република Македонија за 2013/2014 година.

Ова признание, кое што е уште една потврда за квалитетот што седум години наназад УТМС го гради и негува, на свеченоста го прими Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, Проф. д-р Аце Миленковски, кој заблагодарувајќи се за наградата, изјави дека УТМС во изминатиот период беше добитник на многу награди, од кои секоја за себе говореше за кавалитетот што УТМС постојано го вградува во својата работа, но оваа со која се прогласува за Супербренд, останува да биде можеби досега најважната, бидејќи е доказ за секојдневното работење за поддигање на условите, и имплементирање на светските норми за квалитет и методологија во сферата на образовниот процес.

На свеченоста организирана по овој повод, на која им беа доделени награди за супербренд на повеќе значајни компании и институиции од Република Македонија, присуствуваа Деканите на Економскиот факултет, Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент и Факултетот за менаџмент, Проф. д-р Сашо Кожухаров, Доц. д-р Далиборка Блажеска и Доц. д-р Наташа Ристовска, како и асистентите м-р Магдалена Андоновска, Јово Ратковиќ и деловната асистентка Ирена Пеповска.

Инаку, Superbrands е меѓународна организација специјализирана за брендинг, денес активна во 92 земји во светот. Почетоците на најпопуларните брендови датираат од 1994 година, кога ББЦ Лондон, медиумски ги преставува најдобрите брендови и тајните на нивниот успех. Надгледувањето на процесот на гласање е во склад со меѓународни стандарди, кои вклучуваат гласање од страна на потрошувачите и членовите на Стручниот совет. Сите брендови со висока просечна оценка како УТМС, се повикуваат активно да го капитализираат статусот со употреба на наградниот знак Superbrands Macedonia's Choice 2013/14. Резултатите од истражувањата на реномираната истражувачка куќа GfK, спроведено во Адриатик регионот, потврдуваат дека повеќе од 65% од испитаниците се запознаени со Superbrands сертификатот и попрво би купувале производи кои се означени со Superbrands статусот!

 

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај