УТМС ПО ВТОР ПАТ НАЈПОПУЛАРЕН ПРИВАТЕН УНИВЕРЗИТЕТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

УТМС ПО ВТОР ПАТ НАЈПОПУЛАРЕН ПРИВАТЕН УНИВЕРЗИТЕТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, по втор пат, е добитник на наградата за најпопуларен приватен Универзитет во Република Македонија, што ја доделува телевизија "Орбис" од Битола, како резултат на анонимната анкета спроведена меѓу гледачите на оваа телевизија.

Наградата беше доделена на манифестацијата "Најпопуларни за 2014 година", што се одржа во Битола, на 21.02.2015 година, на која беа избрани најпопуларните личности, компании и институции за изминатата година во Република Македонија.

Наградата во името на Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент, Проф.д-р Аце Миленковски, како и во името на сите вработени во оваа институција, ја прими Проректорот за наука и Декан на Економскиот факултет Проф. д-р Сашо Кожухаров, кој истакна дека е чест и задоволство да се добие оваа награда по втор пат, што покажува дека Универзитетот за туризам и менаџмент чекори по вистинскиот пат.

На листата на најпопуларни за 2014 година се најдоа вкупно 36 добитници. Секој во категорија на своето делување од сите сфери на животот. Изборот го направија гледачите на ТВ Орбис, кои своите сугестии ја создадоа листата на наградените, односно "Здравје Радово", Градоначалникот на Општина Новаци, Масло "Кристал" од Благој Ѓорев, "Универзитет за туризам и менаџмент", Владимир Атанасовски, АМД "Ѓорѓи Наумов", "Народен театар Битола", Силјан Мицевски, "Центар за развој на пелагонискиот регион", Ј.П "Нискоградба", "Ресана" од Агроплод, Владимир Талески, "Макоил", "Нептун", Александар Стерјовски, Есма Реџепова, Весела Богдановиќ, "Мокел Битола", "Везе Шари", Општина Ресен, "За нас се работи","Стопанска банка" од Битола, А.Д "Мепсо" ", Факултет за психологија на Славјански Универзитет, "ПЛИВА", "Никоб", Боро Чурлевски, "Ендомак ", "Комфи Ангел ", "Адора инженеринг", Љупчо Блажевски, "Национална асоцијација на престижни граѓани","Винер","Сју Рајдер", "Елит кафе" и Ванчо Чифлиганец.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).