НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТУРИЗМОТ ДЕКАНОТ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ НА УТМС ДОБИ ПРИЗНАНИЕ

НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТУРИЗМОТ ДЕКАНОТ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ НА УТМС ДОБИ ПРИЗНАНИЕ

По повод Светскиот ден на туризмот, на традиционалната манифестација што Министерството за економија ја организира секоја година деканот на Факултетот за туризам на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје проф. д-р Сашко Граматниковски, доби признание за придонес во туризмот.
На манифестацијата, над 50 признанија беа доделени на најуспешните поединци, здруженија и деловни субјекти од туристичкиот сектор.
Признанијата ги додели министерот за економија, г-дин Крешник Бектеши, а истите беа резултат на предлози кои ги даваат туристичките работници преку своите деловни здруженија и за прв пат годинава предлози за најуспешните во споменатите категории можеа да дадат потрошувачите.,
Ова е уште едно од низата признанија кои УТМС во континуитет ги добива поради своето професионално делување и влијание врз развојот на туризмот во земјава и пошироко.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).