Мобилноста на студентите и професорите е едан од целите на високото образование согласно Болоња процесот.
Мобилноста нуди нови искуства на учење, работење и живеење во друга академска, културна и општествена средина. Бенефитот од студирањето во странство е голем, најмногу заради тоа што работодавците ги сметаат дипломираните со странско факултетско искуство за поквалификувани и поедуцирани, со што можат да ја зголемат конкурентноста на комапнијата.
Тип на мобилност :
1. За студенти:
Студентска размена
Студентска пракса – Студентската пракса во странство е базирана на официјална соработка на УТМС со следните здруженија, хотели и организации:
- TURSAB Association of Turkish Travel Agencies
- ASTERIX TOURS INTERNATIONAL – Travel Agency Antalya, Turkey
- Sun and Fun Travel, Kushadasi, Turkey
- MELI Group, Thessalonica, Greece
- Hellenic Tourist Groups SA, Thessalonica, Greece
- REA Group Hotels, Litohoro Greece
- Hotel Egnatia Palace, Thessalonica, Greece
- Egyptian Travel Consultancy Office Cairo, Egypt
- ODEON -the biggest Tour Operator in Southeastern Europe and Turkey
- TRIMONIUM Staffing Solutions Sofia, Bulgaria
2. За академски кадар:
- Предавања во странство
- Професионален развој
3. За неакадемски кадар:
- Професионален развој
Професионалниот развој може д абиде низ следните активности:
- Следење професионални обуки/ работилници организирани од странски високообразовни институции со цел зголемување на вештини и компетенции за постоечката работна позиција.
- „Job-shadowing“ – следење на работата во странски високообразовни институции.
- Учество на конференции, семинари и тренинзи.
Мобилноста на студентите и кадарот може да биде организирана низ билатерална и мултилатерална соработка и програмата Erasmus.
Информација за типот на мобилноста, подготовката и подобноста, како и апликацијата за студирање во странство- на следниот контакт - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..