ЕРАЗМУС НЕДЕЛА ВО ВАЛЕНСИЈА 2018: ПРОФЕСОРИ ОД УТМС ГОСТИ ПРЕДАВАЧИ НА ПРЕСТИЖНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ВАЛЕНСИЈА

ЕРАЗМУС НЕДЕЛА ВО ВАЛЕНСИЈА 2018: ПРОФЕСОРИ ОД УТМС ГОСТИ ПРЕДАВАЧИ НА ПРЕСТИЖНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ВАЛЕНСИЈА

Во рамките на Еразмус Плус програмата, во договорот за соработка меѓу Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и Универзитетот во Валенсија, е предвидена размена на студенти и академски кадар од двете институции. Универзитетот во Валенсија постои повеќе од пет века и е на листата на првите двеста најдобри универзитети во светот, со над 60.000 студенти и преку 3.500 професори.

Во периодот од 26.02.2018 до 02.03.2018 проректорот за меѓународна соработка на УТМС, проф. д-р Зоран Ивановски, одржа предавања на магистерски студии по предметот Корпоративни финансии, доц. д-р Љупка Наумовска и асс. м-р Мила Горгиевска одржаа предавања по предметот Интегрирани маркетинг комуникации пред студентите од втора година додипломски студии. За време на престојот претставниците од УТМС предводени од проректорот за меѓународна соработка, проф. д-р Зоран Ивановски, остварија средби со деканот на Економскиот факултет на Универзитетот во Валенсија, проф. д-р Хозе Мануел Пастор и продеканката за меѓународна соработка проф. д-р Ампаро Понс, на која разговараа за планот за работа и идните активности за продолжување на соработката во насока на проширување на договорот за соработка со што ќе се обезбедат повеќе мобилности за студентите од двете институции, како и за професорите. Исто така, Универзитетот во Валенсија покажа голем интерес да биде ко-организатор на конференцијата ICON BEST 2018, која ќе се одржи во Скопје на 15.10.2018 година.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).