Во рамките на Еразмус+ програмата на Европската Унија за размена на академски и административен кадар во која активен учесник е Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, од 22-ри до 26-ти Октомври, 2018 година, УТМС беше домаќин на четири реномирани професори од Факултетот за географија, туризам и просторно планирање на Универзитетот Орадеа во Романија.
Проф. д-р Корина Татар, проф. д-р Линк Рибана, проф. д-р Стасак Марку, доц. д-р Марија Гознер за време на еднонеделниот престој одржаа интерактивни прадавања за студентите на Факултетот за туризам на најсовремени теми од односната област и ги повикаа студентите да го изберат универзитетот во Орадеа за нивна Еразмус дестинација.
Во текот на посетата и средбите со одговорните лица од универзитетот, двете страни ги истакнаа своите заложби за интензивирање на соработката во реализација на мобилноста на студентите, наставниот и административниот кадар и учество во заеднички научно-истражувачки проекти.
Erasmus+ e програма на Европската Унија и има за цел да ги подобри вештините и вработливоста на студентите, но и да влијае на модернизација на образованието, обуките и работата со младите. Програмата е дизајнирана да ги поддржи напорите на програмските земји за што поефикасно искористување на човечкиот и социјален капитал на Европа, афирмирајќи го притоа принципот на доживотно учење преку давање поддршка за интеграцијата на формалното и неформалното образование на младите.
Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје е учесник во оваа реномирана програма на Европската Унија и досега има реализирано бројни мобилности на студенти и наставен кадар во истакнати високо образовни институции од Европа.
https://utms.edu.mk/erazmus-vesti/1362-profesori-od-univerzitetot-vo-oradea-na-erazmus-razmena-na-utms#sigProIdec72846c6f