Центар за кариера и обука

Центарот за кариера и обука на Универзитетот Скопје ги учи студентите како да управуваат со својата кариера за време на студиите, почнувајќи од избор на главната професионална ориентација до експериментирање и истражување на најразлични опции за кариера, можност за размена на студенти, барање на вработување со половина и цело работно време, подготовка за дипломирање и продолжување на едукацијата.

Центарот за кариера и обука е линкот меѓу студентите на Универзитетот и бизнис-секторот во земјава и во странство. Врши истражување на пазарот на работна сила и соработува со бизнис-секторот. Покрај понудата на можностите за вработување, Центарот за кариера и обука ги насочува студентите каде да го продолжат своето образование, како најдобро да се претстават себе си на интервјуто за работа, како да комуницираат и да ја развиваат културата на говорот, односно, како да го откријат својот најдобар потенцијал.

Центарот се грижи и за задолжителните практикуми на студентите во текот на студиите, со посебен акцент на обезбедувањето работни места по дипломирањето за најдобрите студенти. Обезбедува и услуги за студентите и другите заинтересирани страни за подобрување на компетенциите преку обуки, семинари и консултации финансирано од Фондот „Проф. д-р Љубе Миленковски“.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај