20 години Универзитет Скопје - поважни датуми

08.10.2006

Свечено отворање на првиот приватен Факултет за туризам, поставени темелите за нови генерации успешни професионалци.

sveceno otvaranje

08.10.2006

09.10.2006

Прв академски час, со што започна приказната за Универзитет Скопје.

Ноември 2006

Прва посета на Меѓународниот саем за туризам во Атина, Грција, по што следуваа десетици посети на домашни и меѓународни саеми.

Ноември 2006

Јуни 2007

Првата генерација студенти на летна пракса во хотели во Грција, - првите чекори кон професионална кариера.

Септември 2007

Универзитет Скопје го основа Фондот „Проф. д-р Љубе Миленковски“ со цел да обезбедува поддршка и дава помош во развој на образованието и науката во Република Македонија преку стипендирање на талентирани ученици и студенти, кои постигнуваат високи резултати во учењето и студирањето.

Септември 2007

Октомври 2007

Учество на саемот за туризам во Нови Сад и добитници на Гран при награда за најдобар штанд.

Мај 2008

Факултетот за туризам доби акредитација за Универзитет и станата Универзитет за туризам и менаџмент.

Мај 2008

Април 2011

Во Скопје беше одржан првиот Меѓународен саем за туризам „Скопје травел маркет 2011“ во организација на Универзитет Скопје.

Април 2011

Директорот на Придружните членки на Светската туристичка организација при Обединети нации, Хавиер Бланко, во посета на Универзитет Скопје.

Април 2011

Јануари 2012

Остварена средба со Талеб Рифаи, генерален секретар на UNWTO.

Посета на седиштето на Светската туристичка организација и на саемот за туризам во Мадрид. Деловен состанок со Хавиер Бланко, извршен директор на придружните членки на UNWTO. Работен семинар за студентите на УТМС организиран од UNWTO. Остварена средба со Талеб Рифаи, генерален секретар на UNWTO.

Февруари 2013

Во официјална посета на Универзитет Скопје - Извршниот директор на придружните членки на UNWTO, г-ѓа Јолада Пердомо, и г-дин Хозе Гонзалез Ривера, експерт по односи со јавноста. Причина за нивната посета, покрај редовните средби и контакти со УТМС, беше и нивниот интерес за заеднички развој и конкретизирање на проектот за спортски и адреналин туризам, но и подетално запознавање на Република Македонија како туристичка дестинација.

Февруари 2013

Октомври 2013

Меѓународен научен конгрес ICON BEST, во организација на Универзитет Скопје. Станува збор за Меѓународна конференција за бизнис, економија, спорт и туризам, која има за цел да го поддржи развојот на научната мисла преку учество на научници за објавување на нивните научни истражувања и оригинални научни ракописи што содржат анализи и решенија за важни теоретски, емпириски и нормативни прашања.

Ноември 2013

Универзитет Скопје е добитник на две престижни награди во областа на менаџментот, што ги доделува светски признатата Асоцијација за Менаџмент и консалтинг „Other Ways“ од Париз, Република Франција. Доделувањето на наградите се случи во Женева на 18-ти ноември 2013 година во „Grand Hotel Kempinsky“

Ноември 2013

Јули 2014

Генералниот Секретар на Светската туристичка организација на Обединетите Нации, Д-р Талеб Рифаи, во посета на Универзитет Скопје, при што, одржа предавање, на кое истакна: „Образованието и знаењето се р’бетот на растечкиот туристички сектор и јас би сакал да ја искористам оваа прилика да го поздравам УТМС за одржувањето на традицијата за високо квалитетно образование, кое продуцира професионалци и идни лидери во областа на патувањето и туризмот“.

Декември 2014

Основано е Здружението на професори по географија - „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“, кое работи под покровителство на Универзитет Скопје.

Декември 2014

Јуни 2016

Свечено доделен TEDQUAL сертификат на Универзитетот за туризам и менаџмент. Станува збор за Сертификат на UNWTO, со кој се потврдува квалитетот во наставната програма на нашата оваа институција. Меѓународна ревизија се прави на секои три години и досега е потврден три пати.

Ноември 2016

Сојузот на стопански комори на Македонија на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје му ја додели бизнис наградата - Златна монета за високи стандарди во имплементирање на претприемништвото во областа на образованието во Република Македонија.

Ноември 2016

Октомври 2017

Потпишан договор за соработка помеѓу Универзитет Скопје и универзитетот „Папата Јован Павле Втори” од Бјала Подласка.

Во знак на почеток на соработката ректорот на УТМС, проф. д-р Аце Миленковски, официјално стана член на Издавачкиот совет на научното списание Economic and Regional Studies, додека ректорот на универзитетот „Папата Јован Павле II”, проф. д-р Јозеф Бергер, официјално стана член на Издавачкиот совет на научното списание на УТМС, Journal of Economics.

Декември 2018

Универзитет Скопје, добитник на престижното „признание за македонски квалитет 2018”. Наградата доделена од Претседателот на Република Македонија Н. Е. д-р Ѓорге Иванов, во име на Универзитет Скопје ја прими ректорот на универзитетот, проф. д-р Аце Миленковски, кој во своето обраќање ја потенцираше посветеноста на сите вработени на универзитетот во следење и унапредување на високите стандарди за квалитет во високото образование и зајакнување на културата на квалитет во сите сегменти на работењето на универзитетот.

Декември 2018

Февруари 2019

УТМС по трет пат е добитник на престижната  награда „Супербренд“ во категоријата високо образование, што значи дека ова е уште една потврда дека станува збор за бренд кој е високо позициониран во деловниот свет и кој ги следи светските стандарди за квалитет во високото образование.

Март 2020

Ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски потпиша договор за соработка со проректорот за меѓународна соработка на универзитетот „Dąbrowa Górnicza” од Полска, проф. д-р Рафал Ребилас.

Март 2020

Мај 2021

Универзитет Скопје, предводен од ректорот, проф. д-р Аце Миленковски, имаше работна посета на Узбекистан. Беше остварена средба со заменик претседателот на владата на Узбекистан, г-дин Азиз Абдукхакимов. Делегацијата од УТМС го посети најреномираниот универзитет во Узбекистан, Меѓународниот универзитет за туризам „Silk Road“ во Самарканд. Двата универзитети потпишаа договор за соработка за академска мобилност на студенти и академски кадар.

Март 2021

УТМС стана овластен центар за стекнување на меѓународно признат ESB сертификат за познавање на англиски јазик. Универзитет Скопје нуди нова можност за обука и полагање на испити за ESB North Macedonia за деца и возрасни од А1, А2, Б1, Б2, Ц1, Ц2, според Европската референцијална јазична рамка.

Март 2021

Ноември 2021

Во рамките на стратешката определба на Универзитет Скопје за соработка со интернационални универзитети, на 25-ти Ноември 2021 година, потпиша Меморандум за соработка со Аграрниот универзитет – Пловдив од Р. Бугарија.

Март 2022

Потпишан меморандум за меѓународна соработка помеѓу Универзитет Скопје и факултетот за економска и деловна администрација од Универзитетот Сегед, Република Унгарија.

Март 2022

Јуни 2022

Меморандум за меѓународна соработка помеѓу Универзитет Скопје и Универзитетот за телекомуникации и пошти од Софија, Бугарија.

Ноември 2022

Плакета за посебен придонес во развојот на каратето за ректорот Миленковски. Универзитет Скопје е долгогодишен поддржувач на традиционалното карате во Македонија а на ректорот Миленковски му беше доделена плакета за посебен придонес во развојот на каратето во Македонија.

Ноември 2022

Декември 2022

Ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски потпиша меморандум за соработка со Хотелиерско-туристичката школа од Опатија, Република Хрватска, претставувана од професор-ментор Загорка Иванковиќ.

Декември 2022

Ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски, ја доби наградата Маж со трајни вредности на официјалниот избор на манифестацијата „Мажи на годината“ за 2022 година, во организација на „Џентлмен магазин“.

Декември 2022

Февруари 2023

Ректорот Миленковски реизбран за претседател на конференцијата на приватни високообразовни установи во Македонија.

Април 2023

Универзитетoт Скопје, главен покровител на документарниот филм, „Патот на кобра до ѕвездите“. Присуствуваа шестотина гости од Македонија и од регионот, спортисти, академици, бизнисмени, политичари, уредници на медиуми и истакнати јавни личности.

Април 2023

Септември 2023

Универзитетот за туризам и менаџмент се ребрендира во Универзитет Скопје. Промовирана е новa химна, видеоспот и медиумски продукти.

Октомври 2023

Во Рим, Италија, на Ректорот на Универзитет Скопје, Аце Миленковски, му беше доделена титулата „Амбасадор на образованието за 2023“ поради неговата истакната улога во промовирањето на образованието, подигањето на свеста за неговото значење и застапувањето за политики и иницијативи кои ги подобруваат можностите за учење за поединци и заедници.

Наградите „The Top of Business 2023 - Business Leaders Awards“, се признание во организација на „International Business Institute" и „IB Magazine“, кои работат повеќе од 20 години и ги препознаваат најголемите професионалци, компании и институции преку својот уреднички тим.

Октомври 2023

Декември 2023

Ректорот, проф. д-р Аце Миленковски е избран за член на Академската Унија на Охфорд, Англија.

Воедно, на пригодна церемонија, минатата недела на Ректорот Миленковски му беше дадено признание за активна посветеност во високото образование.

Ноември 2024

Универзитет Скопје доби сертификат со бонитетна оценка А+, што го вбројува меѓу компаниите со најдобра бонитетна оценка во Македонија. 

Ноември 2024

Ноември 2025

Делегацијата на Универзитет Скопје, во Ријад, на Генералното собрание на Светската туристичка организација на Обединетите нации (UN Tourism), и одбележувањето на 50 годишнината на оваа организација.

Јануари 2026

Студенти, професори и асистенти од Универзитет Скопје, предводени од ректорот, проф. д-р Аце Миленковски, беа во посета на Мадрид, каде што беа примени во седиштето на светската туристичка организација (UN Tourisam), а го посетија и саемот за туризам во Мадрид, FITUR 2026.

Јануари 2026

Април 2026

Отворен ден на Универзитет Скопје. Околу 500 матуранти од Скопје и од Белград, на 16 април ја искористија можноста одблиску да ја почувствуваат студентската атмосфера на Универзитет Скопје, да се запознаат со студиските програми и да го направат првиот чекор кон својата иднина.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Newsletter

Пребарај

slider 20 utmsЗАПОЗНАЈ СЕ СО ИСТОРИЈАТОТ

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).