КОНКУРС ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

КОНКУРС ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје
објавува повторен

КОНКУРС
ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+
АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ, НАСТАВЕН
КАДАР И МОБИЛНОСТ ЗА ОБУКА (ТРЕНИНГ)
за во летниот семестар во академска 2018/2019 година
во рамките на програмата Еразмус плус

A. Општи услови на Конкурсот

Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје објавува повторен Конкурс за избор на студенти и наставен кадар и мобилност за обука (тренинг) на кои ќе им биде доделена финансиска поддршка за студиски престој во странски високообразовни установи во летниот семестар во академската 2018/2019 година.
На Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, на 22. октомври, 2015 година му е доделен Erasmus Charter for Higher Education (270622-EPP-1-2016-1-MK-EPPKA3-ECHE), со што е овозможено учество во програмата Еразмус+ во временски период од 2016 до 2020 година).
За размена на студенти на прв циклус на студии, право на пријавување имаат само редовни студенти со завршена прва година на студии.
Времетраење на мобилноста за студенти: најмалиот временски период за студентска мобилност е 3 месеци, а најдолгиот 12 месеци.
Времетраење на мобилноста на наставниот кадар: 1 недела (до 5 работни денови).
Детапни информации за Еразмус програмите можат да се најдат на веб страната на Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност (www.na.org.mk) или на веб страната на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје https://www.utms.edu.mk/povelba-za-erazmus

Б. Услови за остварување право на финансиска поддршка

1. Студентот мора да има задоволително ниво на знаење на странскиот јазик на кој се одржува наставата во странската високообразовна установа;
2. Студентот мора да биде упишан најмалку во втора година додипломски студии на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје за време на реализација на мобилноста;

В. Критериуми за избор на кандидатите

1. Потполно и целосно потполнета пријава, достава на целосна документација која се бара со Конкурсот;
2. Академски успех;
3. Познавање на јазикот на кој ќе се одржи наставата;

Г. Објавување на резултати од Конкурсот

Конечните резултати од Конкурсот и одлука за прифатените студенти, ќе се објави на веб страната на Универзитетот (www.utms.edu.mk).
Со Пријавата на Конкурсот кандидатите се согласуваат нивното име да се објави на списокот на избрани/одбиени кандидати или на листата на чекање.

Д. Финансиска поддршка

Месечниот износ на финансиската поддршка во академската 2018/2019 година зависи од земјата на мобилност. За повеќе информации, Ве молиме обратете се кај членовите на нашиот Еразмус тим.
Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат лично студентите.

Ѓ. Постапка за пријава

Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата до Еразмус+ координаторите во два примерока на факултетот каде студираат најдоцна до 15 октомври 2018. Непотполните и ненавремени пријави нема да бидат земени на разгледување.

 Е. Документација за пријавување

1. За мобилност на студенти
• Пополнета пријава за изразување на интерес за учество во Еразмус + програмата (Student Application Form)
• Препис на оцени од сите положени испити (издаден од страна на Универзитетот)
• Мотивационо писмо
• Кратка биографија Europass model
• Копија од лична карта или пасош
Незадолжителни документи:
• Потврда за познавање на странски јазик на кој ќе се одвива наставата (доколку студентот поседува таква потврда)
• Копија од сертификати, пофалници, награди;
• Препорака од професор/асистент

2. За мобилност на наставен кадар за наставен ангажман (teaching)
• Staff Application Form ;
• Staff Mobility Agreement for Teaching;
• Покана (Letter of invitation) од страна на Универзитетот- домаќин;
• Кратка биографија (Europass model)

3. За мобилност за обука (training)
• Staff Application Form;
• Staff Mobility Agreement for Training ;
• кратка биографија Europass model

Ж. Останато

Секој кандидат пред пријавата на Конкурсот е должен да контактира со еден од Еразмус координаторите на Универзитетот и да го запознае со пријавата.
Избраните кандидати се должни пред заминување и по враќање од странската високошколска установа да се придржуваат на пропишаните процедури (за кои ќе биде информиран) и на Универзитетот да му ја достави потребната документација.
Со пријавувањето на Конкурсот, кандидате се согласни нивното име да се објави на списокот на избрани/одбиени кандидати или на листата за чекање.

З. Контакт лица за дополнителни информации

Доц. д-р Јана Илиева, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Проф. д-р Јулијана Ангеловска, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Доц. д-р Александар Даштевски, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Асс. м-р Гордана Серафимовиќ, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Асс. м-р Горан Апостоловски, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај