СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „СКОПСКО КУЛТУРНО ЛЕТО“

СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „СКОПСКО КУЛТУРНО ЛЕТО“

Студентите од Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент и Факултетот за односи со јавноста при Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, својата пракса активно ја извршуваат како составен дел од организацијата на реномираната манифестација “Скопско културно лето”.

Во извршување на активностите на оваа манифестација се вклучени студентите од трета година на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент и Факултетот за односи со јавноста, односно Тања Стојковска, редовен студент во трета година на Факулетот за меѓународен маркетинг менаџмент, Филип Филиповски, редовен студент на Факулетот за меѓународен маркетинг менаџмент и студентката Катерина Велковска, редовен студент на Факултетот за односи со јавноста.

Ова е уште една потврда за надополнување практично искуство и теоретските знаења на студентите кои секојдневно ги добиваат на редовните предавања. Со учеството во организацијата на настан од ваков вид, студентите се запознаваат со активностите кои треба да се превземат, за да може да се реализира ваков голем настан.

Настани во кои студентите досега земаа активно учество се концертот на ансамблот „Македонија”, филмот „Само Господ Простува“ изложбата на слики на авторот Зоран Чалија – Чарли, мјузикл „Еден вкус од Израел“, и изложба на Радосав Марковиќ -Рајо.

Ова е незаборавно практично искуство за студентите од Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент и Факултетот за односи со јавност и уште една потврда за меѓусебната соработка на УТМС со бизнис заедницата.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).