Дел од студентите од Факултетот за односи со јавноста, практичната настава ја реализираа во ПР агенцијата CHAPTER 4 Македонија. Во текот на практикумот студентите имаа можност стекнатите теоретски знаења да ги применат во конкретни реални ситуации, што придонесува за надградување на теоретските со применливи знаења.
Под менторство на менаџерот на ПР агенцијата г-дин Тодор Стојчевски, студентите беа дел од тимот кој работеше на организација на мега настани, креирање на промотивни материјали, прес клипинг активности, истражување на јавното мислење и ребрендирање на компании.
Поминувајќи низ процесот на активна работа студентите ги подобруваат своите компетенции и се подготвуваат за конкурентско позиционирање на пазарот на трудот.
https://utms.edu.mk/vesti/praksa/299-chapter-4#sigProId5862baa688