СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ НА ПРАКСА ВО НАЈУСПЕШНИТЕ КОМПАНИИ

СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ НА ПРАКСА ВО НАЈУСПЕШНИТЕ КОМПАНИИ

Политиката за успешност на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, го обврзува Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент да ја организира наставата на таков начин што истата ќе се доближи што е можно повеќе кон практиката. За таа цел Факултетот им обезбедува практична работа на студентите во успешни претпријатија или во претпријатија кои имаат можност да ја промовираат апликативната вредност на теоретските знаења што студентите ги добиваат на часовите во секојдневниот живот на бизнис секторот.

Со цел да се подигне нивото на компетенции и вештини на студентите, праксата се извршуваше во голем број на реномирани компании, меѓу кои и “Универзална сала” во Скопје. Во оваа успешна институција студентите имаа можност да ја видат практичната примена на маркетингот и организацијата на настанот Скопско лето, а се разбира и самите со свои идеи и креативност да учествуваат во него.

Практичната работа на студентите им помага во совладување на секојдневните и проблематични ситуации, што е карактеристика на ова динамично и турболентно окружување. Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент ги оспособува студентите со теоретско и практично знаење, за да се биде поразличен од другите и пред се креативен, зошто тоа е оснавата на маркетингот.

 

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).