Стекнатото теоретско знаење во текот на наставата, студентите од Факултетот за претприемачки бизнис, го надополнуваат со практична работа во институции, организации и компании во земјата и странство.
Целта на задолжителната пракса е да им овозможи на студентите стекнување на дополнителни вештини и компетенции. Студентите добиваат секојдневни задолженија и работни обврски во рамките на институциите во кои ја реализираат својата пракса и притоа нивниот ангажман, посветеност и начинот на извршување на доделените работни задачи се следи од страна на ментор од Универзитетот и ментор од соодветната организација.
Во Фудбалската Федерација на Македонија, својата пракса ја реализираше Ана-Марија Ќириќ, редовна студентка од трета година на Факултетот за претприемачки бизнис. Факултетот за претприемачки бизнис се грижи за доследно изведување на стручната пракса на студентите и реализира редовни посети во институциите. Во согласност со методологијата на работа на УТМС, во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија се оствари работна средба со студентката Ана-Марија Ќириќ, како соработник во Секторот за организација и маркетинг, менторот од институцијата, г-ца Александра Пејковска, маркетинг менаџер, менторот од Универзитетот, асс. м-р Мери Ничкова и в.д. Декан на Факултетот, доц. д-р Наташа Ристовска.
https://utms.edu.mk/vesti/praksa/296-studentite-od-fakultetot-za-pretpriemachki-biznis-na-zadolzhitelna-praksa#sigProId67f72e09b1