Задолжителната практична работа студентите од Факултетот за претприемачки бизнис ја реализираат во бројни институции, организации и компании во земјата и странство.
Целта на праксата е да им овозможи на студентите стекнување на дополнителни вештини и компетенции и искуство од извршување на секојдневни работни обврски во секторите во компанииите под менторство на вработено лице од команијата и задолжен ментор од Универзитетот, заради следење на посветеноста и целосниот ангажман на студентите во извршувањето на праксата.
Во компанијата Идекс Системи чија дејност е во областа на информатичката технологија, својата пракса ја извршува Петар Попстефанов, редовен студент од трета година на Факултетот за претприемачки бизнис. Студентот е целосно вклучен во работната група за подготовка и планирање на проектни активности за кои е ангажирана компанијата, а притоа има и обука за дизајн и изработка на интерфејси за веб страни под менторство на г-дин Бојан Ѓуричиќ од компанијата.
Во компанијата Купон-С која се занимава со трговија на големо и мало, својата пракса ја реализира Сонер Ахмед, редовен студент од прва година на Факултетот за претприемачки бизнис. Студентот има можност да се запознае со тајните на претприемачкиот бизнис и спецификите на семејниот бизнис преку негово дневно вклучување во сите договори за набавка на производите и реализации на продажби, под менторство на г-ѓата Фатима Ахмед од компанијата.
Факултетот за претприемачки бизнис се грижи за доследно изведување на стручната пракса на студентите и реализира редовни посети во организациите. Во согласност со методологијата на работа на УТМС, во просториите на компаниите се оствари работна средба со студентите, менторите од компаниите и менторот на студентите од Универзитетот, асс. м-р Мери Ничкова и в.д. Деканката на Факултетот, доц. д-р Наташа Ристовска.
https://utms.edu.mk/vesti/praksa/295-a#sigProIdc61c369519