СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ НА ПРАКСА ВО ПР И МАРКЕТИНГ АГЕНЦИЈА

СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ НА ПРАКСА ВО ПР И МАРКЕТИНГ АГЕНЦИЈА

Студентите од Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент при Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, и годинава ја извршуваат својата пракса во компании и маркетинг и ПР агенции со кои соработува УТМС.

Праксата е организирана на тој начин, за истата се повеќе да се доближува до практиката. За таа цел Факултетот им обезбедува практична работа на студентите во успешни компании од областа на маркетингот. Со тоа студентите имаат можност своите теоретски знаења кои ги добиваат во наставата да ги применат во бизнис секторот.

Имено, дел од студентите од Факултетот за односи со јавноста, праксата ја извршуваат во Маркетинг и ПР агенцијата “Honeybiz DOOEL” во Скопје. Во оваа компанија на практичната работа од Факултетот е упатена студентката Велковска Катерина.

Во оваа успешна институција студентите имаа можност да ја видат практичната примена на маркетингот и организацијата на промотивната кампања на Рамстор молл, а се разбира и самите со свои идеи и креативност да учествуваат во овие реални проекти.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај