МАКЕДОНСКА ПОШТА - ЕДНА ОД ИНСТИТУЦИИТЕ ВО КОЈА СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ ЈА РЕАЛИЗИРААТ СВОЈАТА ПРАКТИЧНА РАБОТА

МАКЕДОНСКА ПОШТА - ЕДНА ОД ИНСТИТУЦИИТЕ ВО КОЈА СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ ЈА РЕАЛИЗИРААТ СВОЈАТА ПРАКТИЧНА РАБОТА

Врз основа на потпишаниот договор за соработка помеѓу Универзитетот за туризам и менџмент од Скопје и АД „Македонска пошта“, дел од студентите од Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент ја реализираат својата пракса токму во оваа институција.

Задолжителната пракса им овозможува на студентите да успеат да стекнат дополнителни вештини и компетенции, извршувајќи ги редовно работните задачи во рамките на секторите во кои се распределени. Посветеноста и ангажираноста на студентите во вршење на работните задачи, се следи од страна на ментор од Универзитетот, и ментор од соодветната институција.

Во АД „Македонска пошта“ во Гостивар, во маркетинг сектор својата пракса ја извршува Марковски Марко, редовен студент од трета година на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент. Своите вештини и компетенции успешно ги надоградува бидејќи студентот е менториран од страна на г-ѓа Сехаре Османи вработена во „Македонска пошта“.

И студентите, исто како нивните ментори во институциите, со големо задоволство ја спроведуваат активноста, која иако е законска обрска од минатата година, на УТМС се спроведува од неговото оснивање, како во земјата, така и во странство.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај