СТУДЕНТИТЕ ОД УТМС ИЗВРШУВААТ ПРАКСА ВО РЕНОМИРАНИ КОМПАНИИ

СТУДЕНТИТЕ ОД УТМС ИЗВРШУВААТ ПРАКСА ВО РЕНОМИРАНИ КОМПАНИИ

Студентите од ФПБ на пракса во “Раде Кончар“

Во компанијата “Раде Кончар-ТЕП” својата пракса ја извршува студентот Владимир Милчевски, редовен студент од трета година на Факултетот за претприемачки бизнис. Праксата се случува врз основа на договорот за соработка помеѓу Факултетот за претприемачи бизнис и компанијата “Раде Кончар-ТЕП”, каде дел од студентите од Факултетот за претприемачки бизнис, неколку години наназад ја реализираат праксата во оваа компанија.

Со задолжителната пракса студентите стекнуваат дополнителни вештини и компетенции извршувајќи редовни работни задачи во рамките на секторите во кои се распределени. Посветеноста и ангажираноста на студентите во вршење на работните задачи се следи од страна на ментор од Универзитетот и ментор од соодветната институција.

Со цел мониторинг на доследното изведување на стручната пракса на студентите, од Факултетот за претпримачки бизнис, асистентката м-р Мери Ничкова како ментор на студентот од Универзитетот оствари посета во компанијата Раде Кончар-ТЕП и работна средба со генералниот директор, г-дин Горан Антевски и г-ѓа Христина Цветковска, раководител на департманот за продажба.

 

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).