СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА ПРЕТПРИЕМАЧКИ БИЗНИС НА ПРАКСА ВО „ХАЛК БАНКА“

СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА ПРЕТПРИЕМАЧКИ БИЗНИС НА ПРАКСА ВО „ХАЛК БАНКА“

Врз основа на договорот за соработка помеѓу Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје и „Халк Банка“, дел од студентите од Факултетот за претприемачки бизнис ја реализираат праксата во оваа институција.

Со задолжителната пракса студентите стекнуваат дополнителни вештини и компетенции извршувајќи редовни работни задачи во рамките на секторите во кои се распределени. Посветеноста и ангажираноста на студентите во вршење на работните задачи се следи од страна на ментор од Универзитетот и ментор од соодветната институција.

Во Халк Банка својата пракса ја извршува студентот Иво Блажевски, редовен студент од трета година на Факултетот за претприемачки бизнис.

Со цел мониторинг на доследното изведување на стручната пракса на студентите, од Факултетот за претпримачки бизнис, асистентката м-р Мери Ничкова е ментор на студентот од Универзитетот и г-дин Игор Спасовски, соработник за работа со клиенти за од страна на „Халк Банка“.

 

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).