Факултетот за менаџмент на човечки ресурси при Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје склучи договор за соработка со лекарската комора на Македонија каде дел од студентите ја изведуваат својата практична настава.
Лекарската комора на Македонија е самостојна и професионална организација на докторите по медицина, здружени заради заштита и унапредување на стручноста, етичките должности и права, за подобрување на квалитетот на здравствената заштита, за следење на односот на здравствените работници кон општеството и граѓаните, како и заради заштита на интересите на лекарската професија.
Во лекарската комора на Македонија својата пракса ја извршуваат четворица студенти од Факултетот за менаџмент на човечки ресурси и тоа: Христина Дамовска, Драган Антовски, Јовче Петковски и Илија Илиевски.
Со цел мониторинг на доследното изведување на стручната пракса на студентите, од Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, асистентката м-р Гордана Серафимовиќ е ментор на студентите од Универзитетот и м-р Анита Крстевска, менаџер за човечки ресурси, како ментор од страна на од страна на Лекарската комора на Македонија.