Во рамките на годишната програма за работа на Факултетот за претприемачки бизнис предвидени се посети на студентите во реномирани компании во Р. Македонија. Наставата по одредени предмети покрај теоретски, во просториите на универзитетот, се реализира и практично, во конкретни организации каде им се претставуваат реалните проблеми и секојдневни активности врзани со темата која ја обработуваат. На 01.11.2017 година студентите од Факултетот за претприемачки бизнис и Факултетот за менаџмент на човечки ресурси под менторство на д-р Вера Бошковска и асс. м-р Ангела Миленковска реализираа посета на компанијата „Раде Кончар” како дел од наставата по предметот Вреднување на работата. Во рамките на посетата студентите имаа можност да се запознаат со системот на производство во компанијата и специфичните методите и техники на вреднување на работата кои компанијата ги применува.
{gallery}Studenti na praksa Rade Koncar{/gallery}