Проектот “Учиме од бизнис заедницата“ во дослух со Универзитетите.
Тим соработници, преставници од Министерството за образование, животна средина, земјоделие, како и од кабинетот на потпретседателот ва Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, денес 08.02.2016 година беа во посета на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, при што остварија средба со дел од наставниот кадар на оваа високо образовна институција.
Целта на посетата беше размена на мислења за проектот „Учиме од бизнис заедницата“, кој има за цел институциите да ги приближи до бизнис заедницата во Република Македонија, за што подобро изнаоѓање на решенија кои ќе бидат од полза за двете страни.
На средбата се говореше на повеќе теми, при што од страна на преставниците на Универзитетот за туризам и менаџмент, беше истакната потребата од олеснување на постапката при промена (реакредитацијата) на наставните програми, бидејќи истите, како што беше потенцирано од страна УТМС, се прават во дослух односно, иницијатива на бизнис заедницата во Република Македонија. Првенствено поради фактот што токму бизнис заедницата е активно вклучена во изготвување на наставните програми на петте факултети кои функционираат во рамките на УТМС.
Исто така беше истакната и потребата од овозможување на бесплатна достапност на базата Thomson Reuters од страна на Министерството за образование за сите Универзитети во Република Макердонија, се со цел зголемување на научната дејност на професорите и асистентите при пишување на нивните научни трудови.
Како трета сугестија која што беше испратена од УТМС до преставниците на Владата на Република Македонија, беше надворешната евалуација, за која како што потенцираа професорите од УТМС, оваа високо образовна институција е комплетно спремна за овој процес и истиот поддржува да се примени на сите Универзитети во Република Македонија.
Овие сугестии кои ги даде УТМС ќе бидат земени в предвид и истите ќе бидат елаборирани во Владата на Република Македонија.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/998-sredba-na-utms-so-vladini-prestavnici#sigProId8fb48da3fa