Во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје на 11.02.2016 година, Центарот за кариера при УТМС на консалтинг компанијата за човечки ресурси „Job Trust“ од Солун, Република Грција и овозможи реализација на интервјуа со студентите од оваа високо образовна институција. Интервјата се однесуваа за обавување студентски практикум во време траење од три месеци во хотели од четири и пет ѕвезди ширум Република Грција.
На интервјуто му претходеше презентација од страна на претставниците на „Job Trust“. Во време од половина час на студентите им беше претставена целокупната програма на оваа консалтинг компанија. Студентите најнапред беа запознаени со компанијата, потоа со условите и начините за аплицирање, регионите, дел хотелите во кои се обавува летниот практикум, условите кои студентите треба да ги исполнат, работните обврски на поедини работни позиции, времетраењето на практикумот, број на работни денови и работни часови, наградите за успешно обавен практикум, но и казните за непочитување на договорот од програмата.
Интервјуто се одвиваше поединечно со секој студент во време траење од пет минути. Тоа се состоеше од прашања за афинитетите на студентите за одделни работни позиции, досегашното работно искуство, познавањето странските јазици, причините поради која студентот би сакал да замине во Грција, како и посебните интересирања на студентите, како што се хоби слично.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/996-job-trust#sigProId64ff044a53