Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, во соработка со националното радио, Радио Слободна Македонија, на 28.02.2016 година ја емитуваше педесет и втората емисија од серијалот емисии посветени на убавините и туризмот во РепубликаМакедонија.
Емисијата насловена како "Туристички витраж" се емитува секоја недела со почеток од 13 до 14 часот на брановите на Радио Слободна Македонија. Оваа недела, професорите и асистентите од Универзитетот за туризам и менаџмент, Доц.д-р Валентина Палевска-Муцунска, м-р Владанка Давковска и Јаника Карапеткова ја посветија на темата „Менаџирање на човечките ресурси во хотелската индистрија“.
Во контекст на спецификите на туризмот како дејност, вообичаено велиме светот денес живее и работи во движење. Тоа секако најмногу е условено од развојот и примената на информатичките технологии во стопанството воопшто, па делумно и во туризмот. Но ќе потенцираме дека и покрај фактот што примената на новите технологии во дејноста го унапредуваат процесот на работа во секој поглед (технички, технолошки, информациски) сепак човекот како извршител на работата во создавање на хотелскиот производ и услуга, во туризмот особено во хотелиерството останува незаменлив. Вработениот како извршител на услугата не само што е неоходен за воопшто да настане услуга туку многу значајно е и тоа како тој како активен чинител во тој процес ке рефлектира кон гостинот, по од аспект на професионалност, комуникациски, елоквентност, гостопримливот, етичност итн., за да создаде вкупен ефект кој кај гостинот ке произвед задоволество од услугата, елаборираа професорите и асистентите од УТМС.
Човечките ресурси во хотелската индустрија ги одликува и тоа што од нив се бара и очекува, покрај соодветното ниво на образование, квалификација, уште и познавања различи сфери на оптественото и културно живеење. За да рефлектираат со стручност, сигурност, подготвеност за разговор, водители на раговор на разни теми од разни сфери, активни слушатели, да зрачат позитивно, да се смирени и динамични толку колку што треба, да се постојани, да одааваат впечаток дека можат за гостинот се да направат тој да се чувствува задоволен добредојден, безбеден и почируван, кадрите треба да се градат и за нив програмски да води грижа, за да се чувствуваат дека се дел од компанијата треба да бидат мотивитрани, да имаат можност својата перспектива да ја проектираат во компанијата на подолг рок и да веруваат сето тоа.