Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, во соработка со националното радио, Радио Слободна Македонија, на 06.03.2016 година ја емитуваше педесет и третата емисија од серијалот емисии посветени на убавините и туризмот во РепубликаМакедонија.
Емисијата насловена како "Туристички витраж" се емитува секоја недела со почеток од 13 до 14 часот на брановите на Радио Слободна Македонија. Оваа недела, професорите и асистентите од Универзитетот за туризам и менаџмент, Проф.д-р Александра Стоилковска, Доц. д-р Зоран Стрезовски и Асс. м-р Гордана Серафимовиќ, како водител ја посветија на темата „Туристичките саеми“.
Во првиот дел од емисијата стана збор за туристичките саеми во светот, со посебен осврт на саемот во Берлин, додека вториот дел беше посветен на промоцијата на Република Македонија на саемите за туризам, и секако учинокот од присуството на овие манофесации во поглед на промоцијата на нашата држава.