Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје денес 09.03.2016 година ја продолжи својата кампања низ средните училишта во Република Македонија, овој пат во градовите Валндово и Гевгелија, односно во СОУ “Гоце Делчев“ од Валандово и СОУ“Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.
Тим презентери од УТМС во состав Асс. м-р Јово Ратковиќ, Асс. м-р Андреја Мачкиќ, Асс. м-р Ангела Миленковска, Стефан Ристовски, Јаника Карапеткова, Љупче Миленковски и Драги Илиевски пред присутните матуранти ја презентираа методологијата на работа на УТМС, потоа начинот на студирање и секако условите за студирање.
На презентацијата на идните академски граѓани им беше објаснета методологијата на работа на УТМС, начинот на студирање, наставните програми за секој факултет поединечно и секако условите за студирање.
Матурантите од овие училишта беа заинтересирани за наставните програми на Факултетот за туризам, Економскиот факултет, Факултетот за менаџмент на човечките ресурски, Факултетот за претприемаштво, и секако за Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, односно поединостите за овие актуелни наставни гранки.
Во средното училиште во Валандово СОУ “Гоце Делчев“ презентацијата ја следеа 37 ученици, додека во СОУ „Јосиф Јосифовски“ на презентацијата присуствуваа 91 ученик.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/983-utms-so-prezentacii-vo-srednite-uchilishta-vo-valandovo-i-gevgelija#sigProId47c77ebf4b