Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје денес 10.03.2016 година ја продолжи својата кампања низ средните училишта во Република Македонија, овој пат во градовите Богданци и Струмица, односно во СОУ “Богданци“ од Богданци и СОУ “Јане Сандански“ и СОУ “Димитар Влахов“ од Струмица.
Тим презентери од УТМС во состав Асс. м-р Јово Ратковиќ, Асс. м-р Андреја Мачкиќ, Асс. м-р Ангела Миленковска, Стефан Ристовски, Јаника Карапеткова, Љупче Миленковски и Драги Илиевски пред присутните матуранти ја презентираа методологијата на работа на УТМС, потоа начинот на студирање и секако условите за студирање.
На презентацијата на идните академски граѓани им беше објаснета методологијата на работа на УТМС, начинот на студирање, наставните програми за секој факултет поединечно и секако условите за студирање.
Матурантите од овие училишта беа заинтересирани за наставните програми на Факултетот за туризам, Економскиот факултет, Факултетот за менаџмент на човечките ресурски, Факултетот за претприемаштво, и секако за Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, односно поединостите за овие актуелни наставни гранки.
Во средното училиште во Богданци СОУ “Богданци“ презентацијата ја следеа 59 ученици, додека во СОУ „гимназијата СОУ “Јане Сандански“ од Струмица присуствуваа 62 ученика. Во земјоделското училиште, пак, СОУ “Димитар Влахов“ исто така од Струмица на презентацијата на УТМС присуствуваа 11 ученици.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/981-utms-so-prezentacii-vo-srednite-uchilishta-vo-bogdanci-i-strumica#sigProIdddedf1a7fc