СПИСАНИЕТО НА УТМС “UTMS JOURNAL OF ECONOMICS“, СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ECONLIT- СВЕТСКАТА ЕЛЕКТРОНСКА БАЗА НА ПОДАТОЦИ

СПИСАНИЕТО НА УТМС “UTMS JOURNAL OF ECONOMICS“, СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ECONLIT- СВЕТСКАТА ЕЛЕКТРОНСКА БАЗА НА ПОДАТОЦИ

Научното списание на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, “UTMS Journal of Economics“ е вклучен во EconLit, односно во електорнската база на податоци - American Economic Association Publications.

Станува збор за база која се смета за број еден, односно најзначајна од областа на економијата, според која се одредува JEL Codes за научни трудови од областа на економијата, односно JEL Classification Codes, според кој списанието на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје “UTMS Journal of Economics“ ги класифицира научните трудови.


Базата на податоци EconLit која над 120 годнини ја индескира економската литература од целиот свет одлучи да го прифати научното списание на УТМС “UTMS Journal of Economics“, бидејќи се потврди дека научното списание содржи извонредни научни квалитети, кои ги задоволуваат високите светски научни стандарди.

Со влегувањето во оваа база на податоци, Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, се назначува како еден од рамноправните издавачи на светски признатото списание од областа на економијата. Истовремено, се одобрува влез во сите досегашни научни трудови објавени во списанието, потоа дава особен светски признат статус на дипломираните студенти на УТМС, и укажува на тоа дека научните трудови на научниците објавени во списанието „ UTMS Journal of Economics“, содржат високи научни квалитети и како такви преставуваат извореден услов за нивен избор во наставни научни звања од областа на економијата.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).