Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, во соработка со националното радио, Радио Слободна Македонија, на 27.03.2016 година ја емитуваше педесет и шестата емисија од серијалот емисии посветени на убавините и туризмот во Република Македонија.
Емисијата насловена како "Туристички витраж" се емитува секоја недела со почеток од 13 до 14 часот на брановите на Радио Слободна Македонија. Оваа недела, професорите и асистентите од Универзитетот за туризам и менаџмент, емисијата ја посветија на UNWTO TedQual Сетификатот, кој неодамна му беше доделен на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, наменет за програмите за високо образование во областа на туризмот.
Гости во емисијата беа проф. д-р Зоран Ивановски, проректор за меѓународна соработка на УТМС и доц. д-р Наташа Ристовска, декан на Факултетот за претприемачки бизнис, а доц. д-р Сашко Граматниковски, декан на Факултетот за туризам беше водител на емисијата.
Гостите дискутираа за менаџментот на целосен квалитет како концепт на управување кој го применуваат современите организации заради стекнување и задржување на конкуренткста предност, а овој пристап е воедно дел и од филозофијата на врвниот менаџмент на Универзитетот. Во таа насока беше образложена и потребата од континуирано унапредување на квалитетот на студиските програми и наставниот процес за што потврда е добивањето на UNWTO, TedQual Сертификатот. Потенцирана беше комплексноста на постапката на сертифицирање, фазите на неколку месечното скенирање на работата на Факултетот за туризам од страна на надлежните во UNWTO-Themis фондација, како и значењето на TedQual Сертификатот. Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје е единствена институција во Република Македонија која е членка на Светската туристичка организација и која се стекнува со ваква диплома, а таа на недвосмислен начин го осликува квалитетното работење на УТМС, односно на Факултетот за туризам, за што впрочем говорат и резултатите односно извештајот на ревизорот од UNWTO, TedQual.