Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, во соработка со националното радио, Радио Слободна Македонија, на 03.04.2016 година ја емитуваше педесет и седмата емисија од серијалот емисии посветени на убавините и туризмот во Република Македонија.
Емисијата насловена како "Туристички витраж" се емитува секоја недела со почеток од 13 до 14 часот на брановите на Радио Слободна Македонија. Оваа недела, професорите и асистентите од Универзитетот за туризам и менаџмент, емисијата ја посветија на на темата „Туристичката валоризација на Шар Планина".
Имено, Доц. д-р Сашко Граматниковски како уредник и водител, заедно со неговите колеги Асс. м-р Марина Стојмирова и Асс. м-р Горан Апостоловски говореа за природните вредности на Шар Планина, местоположбата, потоа за богатството од флора и фауна со која што изобилува овој регион. На крајот на емисијата акцентот беше ставен на туристичкиот потенцијал за развој на Шар Планина и прогласување на истата за национален парк.