Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, на 05.04.2016 година продолжи со пролетната кампања за упис на нови студенти во академската 2016/2017 година, овој пат во средните училишта во Куманово.
Тим презентери од УТМС составен од Доц. д-р Зоран Стрезовски, Асс. м-р Јово Ратковиќ, Асс. м-р Марина Стојмирова, Асс. м-р Андреја Мачкиќ, Мила Георгиевска и Горан Каровски ги запознаа матурантите со методологијата на работа на УТМС.
Посебно го истакнаа начинот на студирање, специфичностите и предностите на УТМС и секако условите за упис и студирање на петте факултети кои функционираат во рамките на УТМС, односно Економскиот факултет, Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, Факултетот за претприемачки бизнис, Факултетот за туризам и Факултетот за менаџмент на човечки ресурси.
Најнапред беше направена презентација во гимназијата СОУГ“ Гоце Делчев“ каде присуствуваше 31 ученик, а потоа СОУГ“ Сами Фрашери“ чија презентација ја следеа 42 ученика.
Во текот на денешниот ден исто така беа посетени и уште две средни училишта во Куманово, односно СТУ “Наце Буѓони“, каде беше направена презентација пред 89 ученици и СОУ“ Перо Наков“, каде беше забележан 61 ученик.