УТМС СО ПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ „КОЧО РАЦИН“ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ

УТМС СО ПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ „КОЧО РАЦИН“ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ

Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, на 15.04.2016 година продолжи со пролетната кампања за упис на нови студенти во академската 2016/2017 година, овој пат во средното училиште во Свети Николе.

Тим презентери од УТМС составен од Доц.д-р Катерина Митевска-Петрушева и Асс. м-р Дејан Наковски ги запознаа матурантите со методологијата на работа на УТМС.

Посебно го истакнаа начинот на студирање, специфичностите и предностите на УТМС и секако условите за упис и студирање на петте факултети кои функционираат во рамките на УТМС, односно Економскиот факултет, Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, Факултетот за претприемачки бизнис, Факултетот за туризам и Факултетот за менаџмент на човечки ресурси.

Презентацијата во средното училиште “Кочо Рацин“ беше направена пред вкупно 30 ученици, од кои 20 беа дел од гимназиските паралелки, додека останатите триесет матуранти беа дел од стручното училиште.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).