УТМС НА БРАНОВИТЕ НА РАДИО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА

УТМС НА БРАНОВИТЕ НА РАДИО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА

Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, во соработка со националното радио, Радио Слободна Македонија, на 17.04.2016 година ја емитуваше педесет и деветата емисија од серијалот емисии посветени на убавините и туризмот во Република Македонија.

Емисијата насловена како "Туристички витраж" се емитува секоја недела со почеток од 13 до 14 часот на брановите на Радио Слободна Македонија. Оваа недела, професорите и асистентите од Универзитетот за туризам и менаџмент, емисијата ја посветија на темата „Фестивалите како алатка за брендирање на туристичка дестинација“.

Имено, Асс. м-р Магдалена Андоновска како уредник и водител, заедно со нејзините колеги Доц. д-р Зоран Стрезовски и Асс. м-р Андреја Мачкиќ говореа за значењето на фестивалите во промоцијата на една земја или град како туристичка дестинација, при тоа категоризирајќи ги значајните фестивали од земјава и странство кои особено придонеле за зголемување на туристичката понуда на една земја.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).