ЗАВРШИ ПРОЛЕТНАТА КАМПАЊА НА УТМС НИЗ СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА

ЗАВРШИ ПРОЛЕТНАТА КАМПАЊА НА УТМС НИЗ СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА

Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, почнувајќи од 01.02.2016 па се до 15.04.2016 година ја спроведуваше пролетната кампања за упис на нови студенти во академската 2016/17 година, што се одвиваше низ средните училишта ширум Република Македонија, со исклучок на главниот град Скопје.

Целта на кампањата беше запознавање на матурантите со наставните програми и единици на Универзитетот за туризам и менаџмент, како би можеле идните академски граѓани што полесно да ја изберат својата професија.

Тим презентери од УТМС составен од професори и асистенти, посетија вкупно 15 градови во Република Македонија градови во Македонија, односно, Прилеп, Ресен, Битола, Струмица, Гевгелија, Валандово, Богданци, Кочани, Виница, Кавадарци, Неготино, Велес, Куманово, Гостивар и Свети Николе, каде пред присутните матуранти од средните училишта од овие градови ја презентираа методологијата на работа на УТМС, потоа начинот на студирање и секако условите за студирање.

На идните академски граѓани детално им беа објаснети наставните програми на петте факултети кои функционираат во рамките на УТМС, односно Економскиот факултет, Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, Факултетот за претприемаштво, Факултетот за туризам и Факултетот за менаџмент на човечки ресурси.

Почетокот на кампањата стартуваше со посета на средните училишта во Битола, Прилеп и Ресен, а заврши со средното училиште во Свети Николе.

Општиот впечаток говори дека матурантите од средните училишта од овие градови се заинтересирани за продолжување на своето образование на Универзитетите во Република Македонија, вклучително и на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, за што говори нивниот интерес кој беше покажан за време но, и по завршувањето на презентациите.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај