Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, во соработка со националното радио, Радио Слободна Македонија, на 01.05.2016 година ја емитуваше шеесет и првата емисија од серијалот емисии посветени на убавините и туризмот во Република Македонија.
Емисијата насловена како "Туристички витраж" се емитува секоја недела со почеток од 13 до 14 часот на брановите на Радио Слободна Македонија. Оваа недела, професорите и асистентите од Универзитетот за туризам и менаџмент, емисијата ја посветија на темата „Традицијата и Велигденските обичаи во функција на туризмот“.
Имено, Доц. д-р Сашко Граматниковски како уредник и водител, заедно со неговите колеги Асс.м-р Горан Апостоловски и Асс. м-р Андреја Мачкиќ, говореа за значењето на еден од најголемите македонски празници “Велигден“, пред се во свеста на македонскиот граѓанин, но и секако особено од аспект на туризмот, каде токму велигденските празници можат да бидат во функција на развој на туризмот.