ОДРЖАНА ОБУКА ЗА СТРУЧНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО УСТАНОВИТЕ ЗА ДЕЦА

ОДРЖАНА ОБУКА ЗА СТРУЧНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО УСТАНОВИТЕ ЗА ДЕЦА

На Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје на ден 19.05.2016 година од 10-14 часот се одржа обука на тема „Улогата на стручните работници во менаџирањето на човечките ресурси во установи за децаʺ.

Оваа обука беше овозможена со покровителство на Фондот за стипендирање „Проф. д-р Љубе Миленковскиʺ, а во организација на Центарот за кариера и Факултетот за менаџмент на човечки ресурси.

Во улога на обучувачи настапија Проф. д-р Константин Петковски и Доц. д-р Валентина Муцунска-Палевска. На обуката присуствуваа 28 учесници односно претставници од повеќе установи за деца од Република Македонија. Целта на обуката беше обучуваните да се стекнат со нови сознанија за современите концепти на менаџирање на човечките ресурси во воспитно - образовните институции, како и за примената на ефективните стратегии на комуницирање во процесот на менаџирање на човечките ресурси во установите за деца. На крајот на еднодневниот настан на учесниците им беа доделени сертификати за посетувана обука.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).