Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, во соработка со националното радио, Радио Слободна Македонија, на 22.05.2016 година ја емитуваше шеесет и четвртата емисија од серијалот емисии посветени на убавините и туризмот во Република Македонија.
Емисијата насловена како "Туристички витраж" се емитува секоја недела со почеток од 13 до 14 часот на брановите на Радио Слободна Македонија. Оваа недела, професорите и асистентите од Универзитетот за туризам и менаџмент, емисијата ја посветија на темата “Маркетинг на мали и средни бизниси’
Имено, Асс. м-р Андеја Мачкиќ како уредник и водител, заедно со неговите колешки Доц.д-р Јулијана Ангеловска и Доц.д-р Љупка Наумовска говореа за начинот на кој малите бизниси во туризмот можат да ги престават своите атрактивни понуди преку некоја маркетингшка агенција, со посебен осврт во туристичката индустрија.