Делегација на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје во состав проф. д-р Аце Миленковски Ректор, проф. д-р Зоран Ивановски проректор зa меѓународна соработка, Генерален секретар на УТМС, Зоран Ѓорѓески и проф. д-р Сашко Граматниковски, декан на Факултетот за туризам, беа во посета на реномираниот Универзитет „Сингидунум“ во Белград, Република Србија.
Соработката на различни проекти и пријателските односи започнаа пред повеќе години, но на последната средба беше озваничена оваа соработка со билатерална спогодба што ја потпишаа проф. д-р Милован Станишиќ, основач и претседател на Универзитетот „Сингидунум“ и проф. д-р Аце Миленковски, Ректор на Универзитетот за туризам и менаџмент.
Двата универзитета потпишаа и институционален договор во рамките на Еразмус+ мрежата. Овој договор беше потпишан за да се овозможи поголема академска мобилност на студенти и академски кадар помеѓу овие два универзитета.
Договорот го потпишаа проф. д-р Младен Веиновиќ, ректор на Универзитетот Сингидунум и проф. д-р Зоран Ивановски, проректорот за меѓународна соработка на Универзитетот за туризам и менаџмент.
Оваа посета беше искористена и за посета и презентација на просторните услови во новиот објект на Универзитетот Сингидунум од страна на домаќините емеритус Слободан Унковиќ, советник за меѓународна соработка, проф. д-р Слободан Черовиќ, декан на ФТХМ и Предраг Обрадовиќ, ПР менаџер.