Со реализација на практичниот испит кој се одржа на 09.07.2016 година заврши пролетната сесија од курсот за туристички водичи и туристички придружници на Факултетот за туризам.
Истиот беше реализиран на туристички локалитети на просторот на град Скопје, започнувајќи од Скупи, Скопското Кале и Старата скопска чаршија, каде кандидатите ги презентираа знаењата усвоени на теоретските часови.
Кандидатите за туристички водичи беа оценувани за нивните вештини за презентирање на конкретни локалитети, што офаќа познавање на материјалот, начинот на презентирање, како и неговниот однос кон групата во текот на презентирањето.
Кандидатите, пак, за туристички придружници беа оценувани за вештини на техничка организација и реализација на патувањето, почнувајќи од превземањето група на автобуски терминал или аеродром, преку реализација на трансфер, сместување на групата во хотел, грижата за групата во текот на престојот во хотелот, па се до реализација на факултативи.
По завршениот курс кандидатите се стекнаа со Уверение за завршен курс за туристички водич, односно туристички придружник и со Уверение за положени стручни испити.