Во рамките на манифестацијата „Струмица Опен 2016“ што секоја година се одржува во август во овој град, Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје ги претстави условите за студирање на факултетите кои функционираат во рамките на УТМС.
Тим од Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје во состав Ирена Андоновска, одговорна за дисперзираната канцеларија на УТМС во Струмица, потоа Асс. м-р Андреја Мачкиќ, Горан Каровски, како и група студенти од УТМС ги презентираа наставните програми и можности за студирање на овој Универзитет пред граѓаните од Струмица.