Економскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје склучи договор за соработка со компанијата „Power Sport System“ каде дел од студентите ја изведуваат својата практична настава.
„Power Sport System“ е прва приватна станица за технички преглед и регистрација на моторни возила во Република Македонија. Станицата ги сиполнува сите национални и меѓународни стандарди за вршење на дејноста: контрола, технички преглед и регистрација на моторни возила. Покрај овие услуги, станицата нуди и голем број на други услуги, редовни при регистрација на вашето возило, а истовремено вклучувајќи и дополнителни услуги.
Во PSS својата пракса ја извршуваат двајца студенти од Економскиот факултет и тоа: Бојан Равлиќ и Ангела Ристовска.
Со цел мониторинг на доследното изведување на стручната пракса на студентите, како ментор од страна на Power Sport System е Марија Јанева, финансиски директор.