УСПЕШНО ОРГАНИЗИРАН И РЕАЛИЗИРАН ПЕТТИОТ МЕЃУНАРОДЕН НАУЧЕН КОНГРЕС НА УТМС И СВЕТСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИ И УМЕТНОСТИ - ICON BEST 2016

УСПЕШНО ОРГАНИЗИРАН И РЕАЛИЗИРАН ПЕТТИОТ МЕЃУНАРОДЕН НАУЧЕН КОНГРЕС НА УТМС И СВЕТСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИ И УМЕТНОСТИ - ICON BEST 2016

На 08.10.2016 година, Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје по петти пат успешно го организира меѓународниот научен конгрес „ICON BEST 2016”, на тема „Глобалните трендови на туризмот во 21-от век”. На Конгресот од научно-истражувачки аспект беа презентирани теми за светски трендови и практики од областа на бизнисот, економијата, туризамот, маркетинг комуникациите, менаџментот на човечки ресурси и образованието. Свои излагања на актуелни теми со научни трудови имаа еминентни професори и академици од 14 земји од светот, од сите континенти. Научните трудови ќе бидат објавени во Зборникот на Конференцијата, а најдобрите трудови ќе бидат објавени во меѓународното научно списание „UTMS Journal of Economics”.

Тематски Конгресот беше структуиран во 6 панели: туризам, маркетинг, менаџмент на човечки ресурси, менаџмент и претрпиемништво, економија и образование.

Официјалниот почеток на Конгресот го означи проф. д-р Сашо Кожухаров, декан на Економскиот Факултет на УТМС и проректор за наука и развој, воедно претседател на организацискиот одбор на Конгресот. Во воведното обраќање, проф. д-р Сашо Кожухаров, афирмативно ја најави темата на Конгресот и ги претстави презентерите на панелите.

Конгресот го отвори ректорот на УТМС, проф. д-р Аце Миленковски, кој во своето почесно обраќање го потенцираше значењето на мултидисциплинарноста на темата на Конгресот како и значењето на учеството на еминенти претставници од академскиот свет кои беа клучни панелисти. Ректорот, проф. д-р Аце Миленковски, посебно го истакна значењето на панелистите кои во своите излагања ќе говорат за современите процеси во науката и истражувањето што е од посебен интерес на само за УТМС туку и за целокупната македонска академска и научно-истражувачка јавност.

По обраќањето на Ректорот, свое излагање имаше академик Гери Џејкобс, директор на Светската академија на науки и уметности, со чие партнерство беше организиран Конгресот. Академик Џејкобс говореше за значењето на иновативниот концепт во образованието, особено потенцирајќи ја новата парадигма во методологијата која треба и мора да биде компатибилна со динамика на развојот на науката, технологиите и глобалниот бизнис.

Во контекст на интензивирање и импементирање на промените за обезбедување на квалитетно образование, свое излагање имаше г- дин Денис Гаш, претседател на Интернационалното собрание на колегиумот на бизнис едукатори (IACBE). Г-дин Гаш посебно го потенцираше значењето на процесот на интернационална акредитација и имплементација на стандардите за квалитет што може да се постигне преку интензивирање на меѓународната соработка во полето на виското образование во функција на унифицирање на стандрадите на глобално ниво.

За потребата од следење и адаптибилна примена на екстерните промени во научен и бизнис контекст, свое излагање имаше проф. д-р Амелија Томашевиќ, професор на универзитет ВЕРН во Загреб, Р. Хрватска. Проф. д-р Томашевиќ говореше за занчењето на корпоративната култура како сет од стандарди и критериуми кои обезбедуваат висок квалитет во процесот на унапредување на хотелиерството, но и на глобалниот туризам.

Панелот беше заокружен со обраќањето на почесниот, проф. д-р Зоран Ивановиќ, од Факултетот за менаџмент во туризмот и угостителството во Опатија, чие излагање беше импресивно интегрирање на сите панел теми од програмата на Конгресот со фокус на есенцијалната важност од комплементарност на науката и бизнисот во функција на прагматична адаптибилност кон интензивните, динамични промени за обезбедување на одржлив развој и конкурентност.

Во попладневната сесија, панелистите дискутираа за актуелните тематски сегменти, пренесувајќи ги искуствата од земјите и регионите каде делуваат, споделувајќи ги добрите академски и бизнис практики.

Конгресот заврши со обраќање на претседателот на одборот, проф. д-р Кожухаров, кој ги презентираше заклучоците кои произлегоа од излагањата и дискусиите:

1. Глобалните предизвици на кои треба да се работи од сите општествени сфери се конфликите, сиромаштијата и тероризмот;

2. Една од посилните мерки за справување со овие предизвици е мобилноста, како и кроскултуролошката и субкултуролошката комуникација и интеркација меѓу земјите и општествата од светот;

3. Алатки за реализација на мерките се: транспарентност, информации, техологија и интернет;

4. Подеднаква важност со ист курс на динамика има културата и филозофија на патувања која трасира нови правци на комуникација, но и нови правци за справување со предизвиците;

5. Комплементирање на соодветни индустрии е еден од клучните фактори за одржлив и глобален развој;

6. Менаџмент на интелектуален капитал, целоживотното учење, тален менаџмент и професинална флексибилност се неодложни активности за справување со динамиката на ундустријата и образованието.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај