УТМС СО ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА НА ПРВИОТ МЕЃУНАРОДЕН ГАСТРОНОМСКИ НАТПРЕВАР „МАКЕДОНИЈА 2016“

УТМС СО ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА НА ПРВИОТ МЕЃУНАРОДЕН ГАСТРОНОМСКИ НАТПРЕВАР „МАКЕДОНИЈА 2016“

Студентите и вработените на УТМС, на Првиот меѓународен гастрономски натпревар - Македонија 2016, уште еднаш го потврдија високиот степен на одговорност и професионално однесување како припадници на институција која го носи предзнакот СУПЕР БРЕНД во високото образование.

Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, од самиот почеток на своето основање, во континуитет ги помага активностите на поединци и групи, кои имаат за цел афирмација на Република Македонија како привлечна туристичка дестинација и промовирање на нејзинота богата култура и традиција.

Овој пат, во рамки на своето општествено одговорно однесување, како и во рамки на реализација на своите наставни планови и програми, УТМС даде максимална подршка во реализирање на Првиот меѓународен гастрономски натпревар - Македонија 2016, како еден од генералните спонзори.

Во организација на Здружението на готвачи ГАСТРО МАК, национална организација на готвачи и членка на WACS – World Association of Chefs Socities (Светската асоцијација на шефови на кујни), од 17 до 19 октомври 2016 на Скопскиот саем, се одржа голем кулинарски настан, на кој учествуватаат меѓународните судии и натпреварувачи од околу 20 земји, како и професионални готвачи од Република Македонија.

На меѓународниот натпревар, на повеќе од 100 натпреварувачи од Србија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Албанија, Словенија, Италија, Романија, Словачка, Швајцарија и Шведска, Италија и Турција, им помагаа 20 студенти од УТМС, предводени од асистент м-р Владанка Давковска.

Готвачките вештини на натпреварувачите ги оценуваа 15 реномирани судии од Србија, Албанија, Бугарија, Романија, Турција, Хрватска, Словенија, Словачка, Италија и Израел, додека деканот на Факултетот за туризам на УТМС, проф. д-р Сашко Граматниковски беше прогласен за почесен судија на настанот.

За анимација на судиите и разглед на најзначајните знаменитости на градот Скопје, беше задолжен м-р Андреја Мачкиќ, професионалниот туристички водич и асистент на УТМС, додека за превод и коресподенција со гостите од странство, максимално учество земаа асистент м-р Гордана Серафимовиќ, Теодора Јанева студент на Факултетот за туризам на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Во рамки на наставниот план и програма по предметот Гастономија, студентите на Факултетот за туризам на УТМС беа во посета на овој престижен натпревар, кој се реализираше за прв пат во држвата.

Со оваа активност, студентите и вработените на УТМС, уште еднаш покажаа висок степен на одговорност и професионално однесување во и надвор од институцијата која е лидер во едукација на високообразувани кадри во областа на туризмот во Република Македонија.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај