СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ НА НАСТАВНО-НАУЧЕН ПРАКТИКУМ ВО ХОТЕЛОТ HOLIDAY INN ВО СКОПЈЕ

СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ НА НАСТАВНО-НАУЧЕН ПРАКТИКУМ ВО ХОТЕЛОТ HOLIDAY INN ВО СКОПЈЕ

Студентите од Факултетот за туризам на УТМС, предводени од асс. м-р Владанка Давковска на 4-ти Ноември 2016 година реализираа еднодневен наставно-научен практикум во хотелот Holiday Inn во Скопје.

Практичната настава се одржа на тема Check out процедура во департман хотелска рецепција, во една од салите на хотелот. На самиот почеток присутните ги поздрави и им посака успешна работа, генералниот директор на хотелот Holiday Inn, г-ѓа Соња Бибановска, која изрази надеж дека можеби и некој од присутните студенти-дипломци во блиска иднина ќе стане дел од колективот на Holiday Inn во Скопје.

Практичниот дел од наставата започна со средба на студентите со фронт менаџерот во Holiday Inn, г-дин Томислав Котевски, кој во својата стручна експликација на тема check aut говореше за современите тендови во хотелската индустрија, при тоа посочувајќи и конкретни добри практики од престижните хотели во светот. За време на излагањето студентите со внимание и интерес ги следеа информациите што резултираше со иницирање на дискусија во која, студентите, на г-динот Котевски му поставија повеќе прашања. Потоа, предводени од г-динот Котевски, студентите го посетија претседателскиот апартман при што беа информирани за функционални специфики на апартманот и режимот на неговото користење. Следна активност беше посета на ресторанот, каде што шефот на ресторанот г-дин Игор Тодоровски, ги прими студентите на кои им ја претстави понудата на денот и активностите на вработените поврзани со истата. Посетата на ресторанот зврши со споделување на империите на студентите и асс. м-р Владанка Давковска за функционалноста, комфорот и естетиката на амбиентот, деловноста и гостопримството на секој од вработените кои беа вклучени во тематската комуникација. Пред завршувањето на наставно-научниот практикум, студентите ги впишаа своите импресии во книгата за впечатоци на хотелски гости.

Овој вид на наставно-научна пракса на студентите од Факултетот за туризам се должи на иновативниот пристап кон едукацијата кој вклучува соработка со бизнис секторот на повеќе нивоа, и е во насока на создавање на квалитетни идни кадри кои ќе бидат подготвени да одговорат на потребите на пазарот на трудот и современите предизвици во туризмот, особено во сферата на хотелската индустрија.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај